За нас

ЕЛИНГ е компанија со седиште во Скопје, Македонија, која примарно работи со трговија на електро-материјали и е присутна на пазарот од 1991 година. Почнувајќи најпрво како мал бизнис, благодарејќи на својата компетентност и професионалност компанијата бележи постојана експанзија која денес брои над 50 вработени и годишен обрат од над 5 милиони евра. Компанијата нуди директна продажба на електрика за потребите на домаќинствата и индустријата, како и технички решенија и инженеринг услуги. ЕЛИНГ е застапник и официјален дистрибутер на повеќе реномирани брендови од областа на електриката и автоматиката како Schenider Electric, Grumman, Ledvance, OSRAM, VITO и други.

Континуираниот успех и развој на компанијата се темели на иновативноста и флексибилноста кон промени и адаптирање кон пазарот и потребите на потрошувачи. ЕЛИНГ својата долготрајна стратегија ја гради на база на задоволни клиенти, градејќи долготрајни партнерства како темел за заеднички успех.

ЕЛИНГ неколку години активно и успешно учествува со директни проекти и ивестиции во сферата на градежништвото, односно изградба и продажба на станбен простор како и голем број проекти од делот на патната ифраструктура. Адаптибилноста на раководниот тим на компанијата резултира со зголемување на бројот на успешни инвестиции. Од 2016 година наваму, компанијата успешно влегува на пазарот за производство и трговија на електрична енергија, преку директна инвестиција за изградба на мала хидроелектрана МХЕ Бањани. Инвестицијата во производство на обновлива електрична енергија е зголемена со нови проекти за изградба на 5 мали ХЕЦ.